• понеделник, 04 ноември 2024

Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп

Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп. 

- Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук.

На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан