• петок, 28 јуни 2024

Атлетска трка „ВЕЛЕС ТРЧА 2023“

Атлетска трка „ВЕЛЕС ТРЧА 2023“

Велес,12 ноември 2023 (МИА) - На патеката во Градскиот парк и Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, денеска со почеток од 11 часот, ќе се одржи Атлетската трка „ВЕЛЕС ТРЧА 2023“ на 5 и 10 километри за возрасни и детската трка  на 100, 200, 300 и 400 метри.

Организатор е Атлетскиот рекреативен клуб АРК  „Борец“ со подршка на Општина Велес. На трката се пријавени атлетичари од атлетските клубови и голем број рекреативци од повеќе градови во земјава.

Инаку по пауза од три години повторно се организира оваа атлетска трка, во рамките на програмата за 9-ти Ноември Денот на ослободување на Велес и Ден на Општина Велес.

Организаторите за најдобрите обезбедија вредни награди.

Од Општина Велес ги информираат граѓаните дека поради одржување на атлетска трка “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“, а со цел успешна реализација на настанот Градскиот парк денеска од 6 до 15 часот  ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила, освен за возилата на итна медицинска помош, МВР и возилата на ТППЕ.

Општина Велес веќе неколку години успешно  ја организира и Атлетската трка „Трчаме за Рацин“. ад/вг/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан