• недела, 02 март 2025

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

 

Мадрид, 2 март 2025 (МИА) – Атлетико Мадрид е новиот лидер во шпанското фудбалско првенство, откако синоќа го совлада Атлетик Билбао на домашен стадион со минимални 1-0.

Голот за искачување на првото место во Ла Лига го постигна Хулијан Алварез во 66. Минута, седум минути откако влезе на теренот на местото на Норвежанецот Александар Сорлот.

Избраниците на Диего Симеоне го искористија поразот на градскиот ривал Реал на гостувањето кај Бетис (1-2) и со 56 бодови го минаа водечкиот двоец Барселона и Реал. Каталонскиот тим има натпревар помалку и може да се врати на првото место со победа денеска против Реал Сосиедад.

Атлетик е на четвртото место со 48 бодови, четири повеќе и натпревар помалку од петтопласираниот Виљареал. Шестопласираниот Бетис заостанува десет бодови зад Атлетик. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан