• петок, 05 декември 2025

Атина попладнево без такси превоз

Атина попладнево без такси превоз

Атина, 10 јуни 2025 (МИА) – Такси возилата во Атина, од 15 часот до полноќ нема да сообраќаат поради новиот закон за безбедност во сообраќајот за кој денеска ќе расправа грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку денешниот деветчасовен прекин со работата го изразуваат нивното незадоволство што во новиот закон не е предвидена дозвола за такси возилата да сообраќаат во лентите наменети за автобуси.

Дополнително велат дека нема да се откажат од нивните барања, а паралелно закажаа и протест со возилата.

Таксистите во Атина, пред две седмици одржаа 48-часовен штрајк. ср/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан