• среда, 27 ноември 2024

Атина за декретот на Бајден: Грција ја поддржува европерспективата на Западниот Балкан

Атина за декретот на Бајден: Грција ја поддржува европерспективата на Западниот Балкан
Aтина, 11 jуни 2021 (МИА) - Поддршката на Грција за европерспективата на регионот, ја повтори портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на декретот потпишан од американскиот претседател Џо Бајден и истакна дека „Грција не припаѓа на Западен Балкан, бидејќи е членка на НАТО и ЕУ“. - Грција, како што знаете, цврсто ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, секако во корист на стабилноста на регионот. Ова прашање, како што знаете, се однесува на одново вклучување на регионот во американскиот систем за санкции. Оттука, сакам да потесетам дека Грција не припаѓа на Западен Балкан, членка е на Европската Унија и НАТО, рече Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во одговор на прашањето на МИА за предвидените санкции вклучени во американската политика, а поврзани со регионот и Договорот од Преспа. ср/сп/

Остани поврзан