• сабота, 25 мај 2024

Атанасовски: Силна динамика на градежни активности во Македонска Каменица

Атанасовски: Силна динамика на градежни активности во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16 април 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица заврши асфалтирањето на локален пат во приградската населба Грчка маала, објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Во изминатиот период како што додаде, општината реализирала градежни активности на локалните патишта во должина од околу 18 километри.

-Во изминатиот период, во селските и приградските средини, како и во централното градско подрачје имаме извршено пробивање на нови земјени патишта и реконструкција на веќе постоечките. Конкретно во Грчко маало работите се во должина од околу 300 метри, истакна Атанасовски.

Со реализација на вакви и слични активности, Општината ќе продолжи и во наредниот период.

-Како одговорна локална самоуправа ќе продолжиме во иднина рамномерно да го развиваме секој дел од градот, сѐ со цел секој поединец и секое семејство да ги добие неопходните услови за живот, додаде Атанасовски.

Во изминатите денови на територијата во Македонска Каменица заврши и асфалтирањето на крак во село Дулица во должина од 400 метри. Воедно во тек е изградбата на локален пат во населено место кај филтер станицата во село Моштица. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан