• петок, 23 август 2024

Атанасовски организираше прием за Михаела Павловска, медалист на Олимпијадата по геонауки во Пекинг

Атанасовски организираше прием за Михаела Павловска, медалист на Олимпијадата по геонауки во Пекинг

Македонска Каменица, 23 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски денеска организираше прием за ученичката Михаела Павловска, која успешно ја претставуваше државава на Олимпијадата по геонауки во Пекинг, Кина.

На средбата Атанасовски ја изрази неговата искрена благодарност и почит за нејзиниот извонреден труд и успех, ветувајќи дека општината ќе продолжи да ја поддржува во нејзините идни предизвици, стоејќи зад сите млади таленти кои ја претставуваат општината  на највисоко ниво.

-Нејзиниот успех е доказ дека со напорна работа, посветеност и љубов кон науката, младите од нашата општина можат да достигнат врвни резултати на меѓународно ниво. Како градоначалник на Општина Македонска Каменица, горд сум што имаме млади таленти како Михаела, кои со своите достигнувања не само што ја промовираат нашата општина, туку и придонесуваат за позитивнaта промоција на Македонија на глобално ниво, истакна Атанасовски.


Ваквите успеси, како што додаде, се инспирација и поттик за младите генерации да продолжат да се стремат кон високи цели.

-И посакав многу успех во нејзината понатамошна кариера и изразив надеж дека ќе продолжи да не радува со нови успеси. Со ова, сакам да упатам порака до сите млади луѓе дека Општина Македонска Каменица секогаш ќе биде тука за да ги поддржи нивните амбиции и соништа, додаде Атанасовски.

За освојувањето на сребрен и бронзен медал на Олимпијадата по геонауки во Пекинг, во знак на признание за достигнувањата на Павловска, Атанасовски и додели симболичен подарок од Општината. вс/мд/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица 

Остани поврзан