• четврток, 21 ноември 2024

Таравари: Хирургија функционира, но не со полн капацитет, се надевам на нов тендер за реновирање

Таравари: Хирургија функционира, но не со полн капацитет, се надевам на нов тендер за реновирање

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) –  Министерот за здравство Арбен Таравари се надева на позитивен исход од вториот повик за компресорскиот систем за операционите сали на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за да се постваи целата инсталација.

Каоко што рече Таравари вечерва во гостување на ТВ Канал 5, хируршките сали функционираат, но не со полн капацитет.

- На правата објава не се јави ниту една фирма. Од Служба за општи и заеднички работи презеде Министерството за здравство да направи втора објава, се надевам дека во втората објава ќе се пријави некоја компанија што поскоро да ја инсталираме целата инсталација, рече министерот Таравари.

Тој изрази надеж за нов тендер за реновирање и нови сали, при што, како што дополни, ќе направат план пациентите да се третираат во другите болници и ќе инсистираат другите болници од периферијата, што имаат услови, да не ги праќаат пациентите во Скопје.

Во однос на времето на чекање на пациенти за операција, тој посочи дека државава има најкраток период на чекање.

Осврнувајќи се на состојбата и со Ковид и третманот на пациентите, министерот информираше дека имајќи предвид дека сега сите случаи на овој вирус се полесни, ставот на Комисијата за заразни болести, како што рече, е пациентите кои боледуваат од некоја болест и се заразени со ковид, да се третираат во институциите на примарната болест, само да се викне инфектолог да се даде дополнителна терапија.

Прашан за назначувањето на нови директори, конкретно за директорот на Здравствен дом кој е со диплома за туризам, министерот рече дека не секогаш докторите можат да водат некоја институција подобро. 

- Јас секогаш сум инсистирал дека јавните здравствени установи е најдобро да ги раководат доктори, меѓутоа не секогаш докторите можат да раководат подобро. Здравствените институции може да ги води економист, доктор, стоматолог, фармацевт, рече министерот. 

Во врска со најавите за преселба на Центарот за зависници од наркотици во центарот на Скопје, министерот информираше дека разговарале со професионалци и увиделе дека најдобро е пациентите да бидат распределени.

- Најдобро е овие луѓе да бидат распределени. Целта е да ја земаат терапијата од две-три места. Уште немаме назначено места каде ќе ја земаат терапијата. Доколку можеме во филијалите на Здравствен дом да организираме места каде што тие би се распределиле во групи и не би биле стигматизирани од општеството, рече  Таравари. ар/лв/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан