• петок, 22 ноември 2024

Асфалтирање три улици во Осичка маала 

Асфалтирање три улици во Осичка маала 

Крива Паланка, 13 јули 2024 (МИА) - Во Крива Паланка денеска започнаа теренските градежни активности за реконструкција и рехабилитација на три улици во населбата Осичка маала.

Градоначалникот Сашко Митовски ги најави активностите и посочи дека истите претставуваат продолжение на градежната офанзива во градот.

- Три улици во Осичка маала добиваат нов асфалт. Денеска започнуваат активностите на терен за реконструкција и рехабилитација на улиците, што подоцна ќе бидат асфалтирани. За овие три улици вложуваме повеќе од десет милиони денари од општинскиот буџет. Се работи за улиците „8 Септември“, од „Да-Бо“ до комплексот згради, „Моша Пијаде“, кракот под комплексот на зградите и „Партизанска“, од „Да-Бо“ до автопералната кај т.н. „Торанечка зграда“, појасни Митовски.

Активностите се дел од годишната програма на локалната самоуправа за изградба, реконструкција и рехабилитација локали улици и патишта за тековната, 2024 година.

- Продолжува градежната офанзива во градот, продолжуваме да инвестираме во локална патна инфраструктура, за овозможување подобра сообраќајна поврзаност на жителите на општината, додаде Митовски. ид/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан