• вторник, 18 јуни 2024

Асфалтирање на улица „Македонска" во Крива Паланка, поставени фекална и атмосферска канализација

Асфалтирање на улица „Македонска

Крива Паланка, 8 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска изврши увид во завршните градежни активности за реализација на проектот со кој се поставени нов асфалт, нова фекална и атмосферска канализација на ул.„Македонска" во населбата Баглак.

-Заедно со општинските служби и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, денеска на терен извршивме увид во завршните активности за поставување нов асфалтен слој на овој дел од улицата „Македонска" , каде што за асфалтирање, за  изградба на атмосферската и фекална канализација, вложени се средства во вкупен износ од 8.400.000 денари. Ова е уште еден значаен проект за подобри услови за жителите од населба Баглак, рече Митовски.

Нагласи дека со овој проект се придонесува кон повисок квалитет на животот на граѓаните и развој на урбаните подрачја на Крива Паланка.

На крајот од улица „Македонска", во должина од околу 700 метри, поставени се нова атмосферска и фекална канализација, за што се вложени 3.400.000 денари од Министерство за животна средина, како и нов асфалтен слој во вредност од 5.000.000 денари обезбедени преку Биро за регионален развој. ид/хс/

Фото: МИА

 

Остани поврзан