Асад: Средбата со делегацијата на Хамас е пресвртница во односите
- Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска во Дамаск, по разговорите со делегацијата на Хамас, палестинската сунитско-исламистичка фракција на таа организација, изјави дека средбата може да
Дамаск, 19 октомври 2022 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска во Дамаск, по разговорите со делегацијата на Хамас, палестинската сунитско-исламистичка фракција на таа организација, изјави дека средбата може да биде пресвртница во односите меѓу двете страни по долгогодишно непријателство.
Членот на политбирото на Хамас, кој ја предводеше делегацијата во посета на Дамаск, Халил ал Хаја, на прес-конференција рече дека целта на таа историска посета е воспоставување добри односи со Сирија.
Водачите на Хамас јавно ги поддржаа уличните бунтови во 2011 година против владеењето на Асад и го напуштија своето седиште во Дамаск во 2012 година, што предизвика незадоволство кај нивниот заеднички сојузник Иран.
Како што пренесуваат странските агенции, нормализирањето на односите со Сирија може да му помогне на Хамас да се спротивстави на Израел.
Хамас веќе ги обнови односите со Иран. паг/