• среда, 15 мај 2024

Артета за 1:0 со Евертон: Арсенал доминираше, резултатот треба да биде поголем

Артета за 1:0 со Евертон: Арсенал доминираше, резултатот треба да биде поголем

Лондон, 17 септември 2023 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета е воодушевен од првата победа на „Топчиите“ на гости над Евертон од 2017 година.

 

- Не сме победиле овде долго време. Одигравме одличен натпревар и не му дадовме подароци на противникот. Доминиравме и создадовме многу шанси. Разликата веројатно требаше да биде поголема. Навистина уживав во играта. По натпреварот со Манчестер јунајтед, олеснувањето беше видливо на моето лице, но сега е задоволство. Нашите 11 играчи одиграа многу добро. Имавме многу шанси, игравме трпеливо и Тросард постигна неверојатен гол за да ни донесе победа, изјави менаџерот на Арсенал.

 

Тимот од Лондон по пет кола се наоѓа на 4. место со 13 бода, два помалку од лидерот Манчестер сити. 

Евертон е 18. со само еден освоен бод. зс/

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан