Артета: Веќе е видлив потписот на Аморим во Манчестер Јунајтед
- Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го призна благотворното влијание што новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим веќе го има врз играта на тимот.
Лондон, 3 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го призна благотворното влијание што новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим веќе го има врз играта на тимот.
„Топчиите“ утре се домаќини на „црвените ѓаволи“ од „Емирати“ во осминафиналето во Премиер лигата, а синоќа беше откриено дека двата тима повторно ќе се сретнат на почетокот на јануари во дербито од третото коло во ФА Купот.
-Повторно ќе биде голем натпревар. Донекаде таква е приказната во последните неколку сезони - во третото или четвртото коло од ФА Купот секогаш играме против голем противник. Но, треба да ги победите големите тимови ако сакате да го освоите трофејот. Веднаш е видлив потписот на Аморим во Манчестер Јунајтед. Беше многу успешен во Спортинг. Неверојатно е што постигна таму и како го направи тоа. Тој носи енергија и нови идеи во клубот и играчите. Ова секогаш се одразува позитивно. Сепак, мора да се фокусираме на себе. Ние сме во добар момент. Ќе биде голем и убав натпревар, изјави Шпанецот на пресот пред дуелот.
Запрашан дали сака да му се реваншира на Аморим за поразот на Арсенал од Спортинг во Лигата на Европа во 2023 година, Артета рече: „Не се работи за одмазда, туку за уште една можност. Сега ќе биде многу поинаку. Игравме против Спортинг минатата недела и беше многу поразлично од пред две години“. дс
Фото: Архива