• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска се обрати во Советот на Европа, на Конгресот на локални и регионални власти

Арсовска се обрати во Советот на Европа, на Конгресот на локални и регионални власти

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се обрати во Советот на Европа во Стразбур, на Конгресот на локални и регионални власти во улога на претседател на Форум на градоначалници при Обединетите Нации, со новоизбраниот претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Марк Кулс и Матие Мори, генералниот секретар на Конгресот.

Како што соопшти Град Скопје, Арсовска доби и уште едно признание во меѓународни рамки за својата посветеност и работа за остварување на проектите во интерес на граѓаните.

- Арсовска ја доби целосната доверба на Европската народна партија EPP European People’s Party и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе, наведува Градот.

Како претседател на Форумот на Градоначалници на Обединетите Нации UN Forum of Mayors и член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, Арсовска во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и каде преку платформа се отпочнува со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктурата. мч/нд/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан