• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска предлага итна седница на Советот на Град Скопје за помош на Леонид Индов

Арсовска предлага итна седница на Советот на Град Скопје за помош на Леонид Индов

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред - да му помогнеме на младиот Леонид Индов. 

- Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Град Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид, стои во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје од денеска почнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот. Во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

- Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост. Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост!, се вели во соопштението од Град Скопје. мд/са/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан