• петок, 22 ноември 2024

Армијата на ДР Конго тврди дека спречила атентат врз претседателот Чисекеди

Армијата на ДР Конго тврди дека спречила атентат врз претседателот Чисекеди

Киншаса, 20 мај 2024 (МИА) – Армијата на Демократска Република Конго денеска соопшти дека спречила атентат врз претседателот Феликс Чисекеди во Киншаса, во кој биле вмешани и странски државјани.

Портпаролот на армијата на ДР Конго, бригадниот генерал Силавин Екенге изјави дека за обидот за атентат се уапсени 50 осомничени, меѓу кои тројца американски и еден британски државјанин.

Тој посочи дека „сега ситуацијата е под контрола“.

Претходно, вооружени лица упаднаа во куќата на поранешниот началник на ГШ, Витал Камерхе, кој е близок соработник на претседателот Чисекеди.

Според очевидците од 20-на напаѓачи во воени униформи влегла во резиденцијата и отворила оган, при што загинаа двајца чувари и еден напаѓач.

Напаѓачите ја окупираа и Палатата на народите и канцеларијата на претседателот во центарот на градот, која беше специјално обезбедена од Републиканската гарда.

Претседателот Чисекеди засега не го коментираше инцидентот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан