• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аракчи: Иран не е подготвен да преговара за своето право за збогатување ураниум

Аракчи: Иран не е подготвен да преговара за своето право за збогатување ураниум

Техеран, 16 април 2025 (МИА) - Иран не е подготвен да преговара за своето право да збогатува ураниум, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

Тој изјави дека Иран ќе ги разјасни своите позиции за време на следната рунда нуклеарни преговори со САД, во сабота, и дека Техеран слушнал „контрадикторни изјави“ од американскиот пратеник Стив Виткоф дека Иран мора „да го запре и елиминира нуклеарното збогатување“.

„Подготвени сме да изградиме доверба во врска со можната загриженост за иранското збогатување (ураниум), но за принципот на збогатување не може да се преговара“, рече Аракчи. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан