Арагчи: САД можат да ја оживеат израелско-иранската дипломатија
- Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска изјави дека нападите на Израел врз Иран претставуваат „предавство на дипломатијата“, но дека Соединетите Американски Држави можат да ја оживеат.
Техеран, 8 јули 2025 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска изјави дека нападите на Израел врз Иран претставуваат „предавство на дипломатијата“, но дека Соединетите Американски Држави можат да ја оживеат.
Тој во текст за „Фајненшл Тајмс“ наведе дека за девет недели преговори за нуклеарната програма со американскиот пратеник Стив Виткоф постигнал поголем напредок отколку за четири години со тимот на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден.
Арагчи изјави дека Иран и САД, како и оманските посредници, претставиле неколку заемно корисни предлози, додавајќи дека Техеран исто така се фокусирал на ставање крај на американските санкции.
- Се фокусиравме на дефинитивно ставање крај на санкциите и ангажманот на САД во широки економски партнерства кои би можеле да пружат можност вредна билион долари, рече Арагчи.
Тој, сепак, предупреди дека „Иранците никогаш нема да се предадат“, а откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор во 2015 година, Техеран има причина да се сомнева во нови преговори.
- Конечниот избор е на Америка. Дали САД ќе го изберат патот на дипломатијата или ќе останат заплеткани во војна која ѝ припаѓа на некој друг, наведе тој. јт/