Арагчи: Иран сака „фер договор“ со САД
- -Нашата намера е да постигнеме фер и чесен договор со САД на рамноправна основа, нагласи шефот на иранската дипломатија за државната телевизија.

Мускат, 12 април 2025 (МИА) - Иран, кој денеска ќе започне разговори со САД за својата нуклеарна програма во Оман, сака „фер договор“ со Вашингтон, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, цитиран од француските медиуми.
-Нашата намера е да постигнеме фер и чесен договор со САД на рамноправна основа, нагласи шефот на иранската дипломатија за државната телевизија.
Тој истакна дека има шанса за компромис доколку другата страна заземе слични позиции.
Арагчи денеска се сретна со својот омански колега, при што разговараше со него за редоследот за водење на индиректните преговори со САД. Покрај тоа, тој му ги пренел главните позиции на Техеран за да се пренесат до претставникот на Вашингтон, забележува ИРНА.
Во текот на денот оманскиот министер за надворешни работи ќе има слична средба со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.сд/
фото: ЕПА