• недела, 22 декември 2024

Апсења во Мадрид во врска со истрагата за перење пари за Владата на Венецуела

Апсења во Мадрид во врска со истрагата за перење пари за Владата на Венецуела

Мадрид, 5 април 2024 (МИА) - Шпанската полиција уапси две лица и упадна во неколку куќи во Мадрид во рамки на истрагата за перење пари за Владата на Венецуела, соопшти денеска шпанскиот Врховен суд.

Операцијата е извршена на барање на судијата Хозе Роберто Ринкон, кој водеше истрага со португалските и американските власти, соопшти судот.

Судот додаде дека истражува осомничени поврзани со владата на Венецуела, кои наводно переле пари, давале мито и формирале криминални здруженија. Полицијата посети четири локации, вклучително и домови во предградијата на Мадрид.

Истрагата е насочена против семејството на венецуелскиот тајкун, објави весникот „Конфиденсиал“, повикувајќи се на неименувани извори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан