• сабота, 21 декември 2024

Апасиев: Југославија го обели образот на Европа

Апасиев: Југославија го обели образот на Европа

Скопје, 24 мај 2024

Во интервјуто за „Слободен печат", лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.
 
„Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет. 
 
Апасиев потенцираше дека Југославија го обели образот на Европа.
 
„Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки... Тие мислеа на идеи", рече Апасиев.
 
„Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос - моторчиња' во Африка и на ,Тома Винковиќ - трактори' во Индија, на црнци кои студираат во Белград... Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани", додава Апасиев.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан