• понеделник, 25 ноември 2024

Апасиев: Прва пратеничка група на Левица, прва жена - пратеник од Левица

Апасиев: Прва пратеничка група на Левица, прва жена - пратеник од Левица

Скопје, 9 мај 2024 
 
Левица со 6 (шест) пратеника во Парламент резултираше на Парламентарните избори, 2024.
 
На прес - конференцијата по овој повод, претседателот на Левица, Димитар  Апасиев, имаше свое обраќање кон народот.
 
- Да прославиме пасокизација на СДС и факторизација на ЛЕВИЦА! Прва пратеничка група на Левица, прва жена - пратеник на Левица - истакна Апасиев.
 
Во ИЕ1, Левица освои 2 пратеника и тоа: претседателот Димитар Апасиев и потпретседателот, Реџеп Исмаил - Хактан.
Од ИЕ2, во Парламентот влегува еден пратеник - портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
 
Во ИЕ3 - влез во Собранието има и актуелниот пратеник Борислав Крмов.
Во Четворка влегува Сашко Јанчев, а во Петка - Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.
 
- Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Го пасокизиравме СДС, ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника - потенцираше лидерот Апасиев.
 
Резултатите на Парламентарните избори - 2024 ја потврдија и тезата на претседателот Апасиев дека новопојаното т.н. политичко движење е ,,краткотраен проект" или ,,надуван балон".
 
- Друга значајна победа е тоа што и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на пола на Претседателските избори - 2024. Но и покрај тоа преполовување на гласовите на ЗНАМ, овој изборен систем повторно нè краде, затоа што некаде го водиме за 4000 гласа, а имаме ист број на  пратеници. Ова ќе биде првото барање на Левица, а тоа е воведување на една изборна единица. Ваквиот Д'онтов модел ни краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници -  додаде Апасиев на прес - конференцијата.
 
Претседателот Димитар Апасиев им се заблагодари на активистите на Левица што заеднички ги донесоа подемот и победата на Левица и што не потклекнаа на малодушноста на одредени субјекти.
 
- Левица ќе продолжи за петпати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку 10 нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собрание со нашите борбени пратеници! Долу црвената буржоазија! - вака Апасиев го заокружи своето обраќање.
 
Од Левица потврдија дека уште веднаш почнуваат со подготовка за локалните избори каде очекуваат да го надминат резултатот којшто го освоија на Парламентарните избори - 2024.

Левица

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан