• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Апасиев: Левица оваа недела ќе го обзнани кандидатот за градоначалник на Скопје

Апасиев: Левица оваа недела ќе го обзнани кандидатот за градоначалник на Скопје

18 август 2025

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје, се наведува во соопштението од партијата, што МИА го пренесува интегрално.

„Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?

Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија?

Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје.” - напиша тој објавувајќи слика со натпис „Скопје знае за кого”.

Претходно, во гостување на ТВ 24, Апасиев потврди дека Левица ќе настапи со свој кандидат за градоначалник на главниот град којшто ќе биде од редовите на партијата.

ПП Левица

Фото: Левица

Остани поврзан