• петок, 22 ноември 2024

Анѓушев се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг

Анѓушев се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг

На маргините на самитот на ОБСЕ, почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, Кочо Анѓушев имаше работен доручек со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг.

На средбата министерот Борг се заблагодари за работењето на почесниот конзулат во Скопје и за асистенцијата која им беше пружена на малтешки граѓани при нивни престој во земјава во случаи кога имаа потреба од дипломатско-конзуларна помош. На состанокот се разговараше за ситуацијата во регионот во светло на идното проширување на ЕУ, за геополитичките случувања во Европа и пошироко, како и за можностите за економска соработка меѓу двете земји. На средбата стана збор и за организацијата на состанокот на почесните конзули на Малта, кој ќе се одржи во февруари 2024 година во Валета. Следната година Малта ќе претседава со 31-от Министерски совет на ОБСЕ, за што почесниот конзул Анѓушев упати честитки до министерот Борг.

 

Department fot Public Affairs,

Media Relations,

Marketing and Protocol

Fero Invest DOO Skopje

Boulevard Kliment Ohridski 30

Skopje Republic of North Macedonia

 E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена:

Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот. 

Остани поврзан