• сабота, 20 април 2024

Анчелоти се надева дека Крос ќе го продолжи договорот со Реал

Анчелоти се надева дека Крос ќе го продолжи договорот со Реал

Мадрид, 3 јануари 2023 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се надева дека играчот од средниот ред Тони Крос ќе го продолжи договорот кој му истекува ова лето.

-Како фудбалски љубител, тешко ми е да замислам дека Тони Крос ќе се повлече од фудбалот на лето. Рече дека сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, па мислам дека ќе го продолжи договорот, изјави Анчелоти за „Goal“.

Триесет и двегодишниот Германец за мадридскиот клуб настапува од 2014 година. Заедно со Реал Мадрид освои 18 трофеи.

Оваа сезона од шпанското првенство играчот од средниот ред одигра 11 натпревари на кои постигна еден гол и две асистенции. зс/

Остани поврзан