• среда, 05 јуни 2024

Анчелоти по победата во Ел класико: Модриќ беше импресивен

Анчелоти по победата во Ел класико: Модриќ беше импресивен
Мадрид, 16 октомври 2022 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци по натпреварот со Барселона од 9. коло на шампионатот на Шпанија. „Кралевите“ победија со 3:1 и се издвоија сами на врвот на табелата во Ла лига. -Требаше да дадеме сè од себе и го сторивме тоа. Почетокот беше добар, доста брзо поведовме и добро ја контролиравме ситуацијата во вториот дел. Се сетив на минатата сезона кога измислив нешто... На овој натпревар се обидов да не измислувам ништо и да ги ставив играчите на нивните природни позиции. Ќе ја истакнам играта на Модриќ, која беше импресивна, го цитира Анчелоти „Марка“. Реал Мадрид со 25 поени од девет натпревари стана лидер во шпанското првенство. Барселона е на второто место со 22 бода. Во следното, 10. коло, Реал Мадрид гостува кај Елче (19 октомври), а Барселона му гостува на Виљареал (20 октомври). зс/

Остани поврзан