Анчелоти: Касемиро е важен за нас, добро е што го продолжи договорот
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за продолжување на договорот со играчот за врска Касемиро. Новиот договор на фудбалерот е со важност до 2025 година.
![Анчелоти: Касемиро е важен за нас, добро е што го продолжи договорот](https://mia.mk/images/20221108151400_big_730x400_2.webp )
Мадрид, 28 август 2021 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за продолжување на договорот со играчот за врска Касемиро. Новиот договор на фудбалерот е со важност до 2025 година.
- Потребна ни е интелигенција во последниот ред за да го контролираме текот на играта. Касемиро прави многу подобра во работата со топката и јас не би го сменил за никого. Тој е важен за нас и добро е што го обнови договорот. Можеби, кога првпат дојдов во Реал, требаше да му дадам повеќе минутажа. Учтиво му кажав дека згрешив, изјави Анчелоти.
Дваесет и деветгодишниот Бразилец игра за Реал Мадрид од 2013 година. Минатата сезона, тој одигра 46 натпревари на кои постигна седум гола и направи пет асистенции. зс/