• вторник, 05 ноември 2024

Гибралтар најави жалба до УЕФА поради Родри

Гибралтар најави жалба до УЕФА поради Родри

 

Гибралтар, 16 јули 2024 (МИА) – Фудбалскиот сојуз на Гибралтар (ГФА) најави дека ќе поднесе жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) како одговор на постапките на шпанскиот играч за врска Родри за време на прославата на титулата на Европското првенство.

Родри, кој беше прогласен за најдобар играч на ЕВРО2024, на прославата во Мадрид извикуваше „Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански“.

Тоа беше неговиот одговор на англиските навивачи кои за време на финалето во Берлин скандираа „Гибралтар е наш, Гибралтар е наш, е … се Шпанци, Гибралтар е наш“.

Гибралтар е прекуокеанска територија на Обединетото Кралство со 33.000 жители на југот на Шпанија, за која Лондон и Мадрид се расправаат со децении. Шпанија никогаш не се откажа од правото на Гибралтар, но нејзините жители на референдум во 1967 година гласаа да останат под власта на Обединетото Кралство.

Две години подоцна Гибралтар доби нов устав и поголема автономија. Во 1991 и 1997 година, Шпанија предложи заеднички суверенитет на Велика Британија за Гибралтар, што беше одбиено.

„ГФА ќе поднесе формална жалба до УЕФА по прославата на шпанската репрезентација на Евро 2024. ГФА ја забележа крајно провокативната и навредлива природа на прославата. Нема место за вакво однесување во фудбалот“, се вели во соопштението на ГФА.

Гибралтар е член на УЕФА од 2013 година, а три години подоцна стана и член на ФИФА. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан