• вторник, 16 јули 2024

Анчелоти има намера да го убеди раководството на Реал да го купи Кепа

Анчелоти има намера да го убеди раководството на Реал да го купи Кепа

Мадрид, 27 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има намера да го убеди раководството на клубот да го откупи позајмениот голманот Кепа Аризабалага, чии права му припаѓаат на Челзи.

Според „Relevo“, Анчелоти го советува Реал Мадрид да го продаде Андреј Лунин и да го замени Тибо Куртоа со Кепа. Конечната одлука за иднината на играчот се уште не е донесена.

Сезонава 29-годишниот Кепа бранеше на 10 натпревари во Ла Лига, на пет не прими гол.

Во летото, Аризабалага го одби Баерн поради трансферот во Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан