• недела, 09 февруари 2025

Анчелоти за ремито со Атлетико: Реал беше блиску до победата

Анчелоти за ремито со Атлетико: Реал беше блиску до победата

Мадрид, 9 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим беше поблиску до победата на натпреварот од 23. коло од шпанското првенство против Атлетико.

Градските ривали синоќа одиграа нерешено 1:1.

- Во второто полувреме имавме целосна контрола на играта. Првото полувреме беше поинаку, многу побавно. Пенал ситуацијата се одрази на тимот. Пред тоа игравме премногу бавно, но во вториот дел игравме пошироко, Винисиус и Родриго создадоа многу опасни шанси. Тимот беше добар, сите се жртвуваа, играчите се опоравија во многу тежок натпревар. Атлетико се бранеше и напаѓаа во транзиција. Беа многу добри во одбраната. Чоамени одигра одличен натпревар, бевме блиску до победа. Тимот е разочаран бидејќи смета дека заслужи да победи. Но, мораме да бидеме среќни, сè уште сме први на табелата по напорната недела и сега ни претстои помирен период, изјави Анчелоти за „Marca“.

По овој натпревар Реал Мадрид е на првото место во поредокот со 50 бодови, а Атлетико е втор со 49 бодови. Барселона, која има натпревар помалку е на третото место со 45 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан