• петок, 22 ноември 2024

Анчелоти за иднината на Асенсио: Сè ќе стане јасно на 2 септември

Анчелоти за иднината на Асенсио: Сè ќе стане јасно на 2 септември
Мадрид, 30 август 2022 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за перспективите на играчот од средниот ред Марко Асенсио во мадридскиот клуб.  Според него, иднината на 26-годишниот Шпанец ќе биде одредена на 2 септември.   - Немам вести за Асенсио. Сè што знам е дека Марко ја проценува ситуацијата. Сè ќе биде јасно на 2 септември. Ако остане Асенсио, кој е важен играч за нас, ќе бидам воодушевен бидејќи тој даде значаен придонес во нашите настапи минатата сезона, а истото ќе го направи и оваа година. Но, ако тој замине, тогаш нема да потпишеме со никого, бидејќи имаме квалитетни резерви, изјави Анчелоти за „марка“.  Сезонава Асенсио учествуваше на еден натпревар за Реал Мадрид во Ла Лига и не постигна гол.   Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 30 јуни 2023 година. зс/  

Остани поврзан