• среда, 03 јули 2024

Анчелоти: Добро е што навивачите не будат со свирежи

Анчелоти: Добро е што навивачите не будат со свирежи
Мадрид, 3 ноември 2021 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на свирежите од навивачите упатени кон неговиот тим за време на вечерашниот натпревар против Шахтјор во 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Реал во Мадрид победи во неубедлива игра со 2:1 благодарение на двата гола на Карим Бензема. - Ги разбирам навивачите и нивната реакција, бидејќи ја знам атмосферата на стадионот. Ова е публика која бара многу. Добро ги почнавме двете полувремиња, а потоа застанавме и не бевме многу агресивни. Ова може да се случи и добро е што навивачите не будат со свирежи, изјави Анчелоти. Реал по четири натпревари има три победи и е лидер во Д-групата во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан