Анкета: 68 отсто од Германците очекуваат „Алтернатива за Германија“ да добие регионален премиер
- Вкупно 68 отсто од Германците веруваат дека политичар од крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (АзГ) ќе стане премиер во најмалку една сојузна покраина по изборите во 2026 година, јави ДПА повикувајќи се на анкета на ИНСА за „Билд ам Зонтаг“.
Берлин, 17 август 2025 (МИА) - Вкупно 68 отсто од Германците веруваат дека политичар од крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (АзГ) ќе стане премиер во најмалку една сојузна покраина по изборите во 2026 година, јави ДПА повикувајќи се на анкета на ИНСА за „Билд ам Зонтаг“.
Во 2026 ќе има избори во Берлин, Баден-Виртемберг, Рајнланд-Пфалц, Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Предна Померанија. Според анкетата, 43 проценти сметаат дека АзГ ќе добие премиер во барем една покраина, а 25 отсто очекуваат повеќе од една. Истовремено, 19 отсто не веруваат дека тоа ќе се случи, додека 13 проценти немаат став.
Во однос на евентуални коалиции, 47 отсто се против соработка на конзервативните Христијандемократи (ЦДУ) и баварската Христијансоцијална унија (ЦСУ) со АзГ, но околу 40 проценти се против „санитарниот кордон“ што ја исклучува оваа опција.
Уште во 2018, ЦДУ формално одби коалиции со АзГ и со левичарската партија „Ди Линке“, потсетува ДПА. ссм/
фото: архива