• недела, 22 декември 2024

Анкета на ЈуГов: Речиси три четвртини од Германците се незадоволни од владата и канцеларот Олаф Шолц

Анкета на ЈуГов: Речиси три четвртини од Германците се незадоволни од владата и канцеларот Олаф Шолц

Берлин, 27 август 2023 (МИА) - Речиси три четвртини од Германците се незадоволни од работата на владејачката коалиција предводена од Социјалдемократската партија и канцеларот Олаф Шолц, покажува анкетата на Институтот ЈуГов, чии резултати денеска ги објави ДПА.

Од работата на „Семафор коалицијата“, што ја сочинуваат СДП, Зелените и либералната ФДП, задоволни се само 23 отсто анкетирани Германци, покажаа резултатите од анкетата на ЈуГов.

Повеќе од две третини од речиси 1.300 испитаници изјавија дека не веруваат дека Шолц може да ги реши најгорливите проблеми на земјата, вклучувајќи го слабиот економски раст, високата инфлација и намалувањето на деловната доверба, а само 18 отсто од нив очекуваат сегашната владејачка коалиција да го повори успехот од последните избори и да победи на изборите во 2025 година.

Како што беше случај пред еден век, економските тешкотии се покажаа како плодна почва за популизам, при што поддршката за германската екстремно десничарска AфД во последните месеци се зголеми на рекордно ниво, што ја турка уште подалеку во популарноста пред левичарскиот социјалдемократски центар на Шолц, проценува Блумберт.

Американската агенција соопшти дека германската економија, долгогодишниот мотор на растот во Европа, е во опаѓање неколку квартали по ред, а довербата во деловните можности повторно опадна во август, иако економијата успеа да излезе од рецесија во вториот квартал. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан