• понеделник, 17 март 2025

„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони

„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони

Лос Анџелес, 17 март 2025 (МИА) - Ново истражување на аналитичката компанија „Каунтерпоинт рисрч“ (Counterpoint Research) за четвртото тримесеечје од 2024 година потврдуваат дека „Андроид“ (Android) и натаму е најкористен оперативен систем за паметни телефони.

Податоците говорат дека „Андроид“ сѐ уште ја држи водечката позиција. На второ место е „Епл ИОС“ (Apple iOS), а на трето место е „Хуавеј хармони-ОС“ (Huawei HarmonyOS), којшто постигна значителен раст во Кина во посоченото тримесечје.

Иако продажбата на паметни телефони на светско ниво останува стабилна, аналитичарите сметаат дека на одредени пазари се бележат значителни промени. Во Кина, на пр. „Хармони-ОС“ го престигна „ИОС“ и продолжи со својот брз раст, што ѝ се припишува на поддршката на кинеската Влада, којашто субвенционира купување телефонии што чинат до околу 800 евра, за да го стимулира економскиот развој.

Дополнително, како што се наведува - „Андроид“ го достигна својот најнизок пазарен удел во историјата во клучните подрачја, како САД и Индија. Во САД, продажбата на уредите на „Моторола“ и „Гугл“ донекаде го ублажи падот на помалите производители, додека продажбата на „Ајфон“ падна за само еден отсто. Од друга страна, Индија бележи рекордна продажба на „Ајфони“, при што две третини од продадените уреди се постари модели.

Аналитичарите забележуваат дека овие податоци ја потврдуваат континуираната фрагментација на светскиот пазар на паметни телефони, при што кинескиот пазар сѐ повеќе се одвојува од западните трендови.

„Хармони-ОС“ одржуваше стабилен удел на светскиот пазар од четири отсто преку целата година, останувајќи трет по големина играч во областа на оперативните системи. Но, во Кина го надмина некогаш популарниот „ИОС“. Сепак, „Каунтерпоинт“ во статистиката не споменува дали како дел од истиот систем го сметаат „ЕМУИ“ - глобалната верзија на корисничкиот интерфејс на „Хуавеј“, но истакнуваат дека тоа не ја менува целокупната слика.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан