• четврток, 26 март 2026

Андреј Белоусов: Темпото на напредување на руските трупи во Украина е забрзано

Андреј Белоусов: Темпото на напредување на руските трупи во Украина е забрзано

Москва, 29 август 2025 (МИА) – Министерот за одбрана на Русија, Андреј Белоусов, денеска изјави дека темпото на напредување на руските трупи во Украина е забрзано, нагласувајќи дека во 2025 година војската извршила 35 масовни напади на 146 клучни објекти на украинските сили.

- Месечно освојуваме 600 до 700 квадратни километри во зоната на специјалната воена операција, а во 2025 година, војската изведе 35 масовни и групни напади на 146 важни објекти на украинските сили, оштетени се 62 отсто од клучните претпријатија на украинскиот воен комплекс, со што борбениот потенцијал на украинската војска е значително намален, рече Белоусов, пренесува РИА Новости.

Тој додаде и дека најважен елемент во водењето на борбените дејствија е подобрувањето на информираноста на тактичко ниво. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан