• понеделник, 23 декември 2024

Андоновски: Оваа тајност на украсување на град Скопје не е прв пат, и лани немаше податоци од каде се средствата

Андоновски: Оваа тајност на украсување на град Скопје не е прв пат, и лани немаше податоци од каде се средствата

Скопје, 21 декември 2023

Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е прв пат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје на гостување во емисијата За или против на телевизија Алфа.

Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот. 

„И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето“, рече Андоновски. 

Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот. 
„Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини  100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки имаме, а за буџетот има можност за амандмани“, рече Андоновски.  

Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот. 

„Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам“, кажа Андоновски. 

Андоновски нагласи дека законска обврска за Градот и градоначалничката е пред да земе кредит да дојде да објасни пред Советот. 

„Ние свесно го блокиравме задолжувањето затоа што не ни објаснува како да стигнеме до квалитетен навремен превоз, што планира да прави со парите, какви автобуси ќе набавува и слично“, кажа Андоновски.

 

Андоновски: Заев и Ковачевски ги лажеа сите, ветуваа борба против корупција, а испорачаа договори со Грција и Бугарија само за да крадат 

САД се стратешки партнер на Македонија и поддржувач во пракса, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против на телевизија Алфа осврнувајќи се на прашање во врска со изјави на меѓународните претставници во кои укажуваат на лошата состојба во државава.

„Нервозата кај нив, кај меѓународните претставници е поради тоа што предолго го поддржуваа СДСМ затоа што веруваа на лагите прво на Заев, а потоа и Ковачевски кои ветуваа борба против корупција, висок животен стандард, владеење на право, а не направија ништо. Единствено испорачаа договори со Грција и Бугарија без да ја консултираат јавноста, потпишуваа договори за да крадат и поради тоа меѓународните партнери се изнервирани“, кажа Андоновски. 

Андоновски објасни дека цел на ВМРО-ДПМНЕ се граѓаните и оти сакаат да ги решат клучните проблеми на граѓаните.

„Ние имаме и план за прашањето со Бугарија, ние и до сега дадовме предлози како хрватски модел, одложено дејство на важење на Уставот во кој ќе се вклучени за Бугарите. Сега одиме на избори и ќе излеземе со сериозна понуда. Овој пат резултатот ќе биде близу два спрема еден во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Македонскиот народ  до сега доживеа премногу разочарувања никој не го праша за ФИРОМ, за знамето, за Охридскиот рамковен договор, територијалната организација, па ни сега за договорите со соседите. Ние ќе имаме платформа, решение и кое дава гаранција за членство во ЕУ и само така може да се вметнуваат малцинства во Уставот. Или суштински нашиот предлог се состои во гаранција за влез во ЕУ и гарантирање за добрососедски односи со Бугарија, што е лесно со прифаќање од официјална Софија на пресудите од Стразбур“, рече Андоновски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан