• вторник, 14 мај 2024

Ангелов на состанок на НАТО за креирање на националните политики за отпорност 

Ангелов на состанок на НАТО за креирање на националните политики за отпорност 

Брисел, 28 февруари 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов престојува во дводневна посета на Брисел, каде учествува на средбата во НАТО посветена на креирање на национална политика во делот на градењето отпорност. 

Состанокот е во рамки на подготовките за Самитот на НАТО што во јули годинава ќе се одржи во американскиот главен град Вашингтон, на која високо на агендата ќе биде и прашањето за отпорноста. 

Синоќа, Ангелов присуствуваше на работна вечера со негови колеги и со претставници на членките на НАТО и на Европската Унија, на која се разговараше за отпорноста на евроатлантската област и за еволуцијата на цивилната заштита. сп/дма/

Фото: ЦУК

Остани поврзан