• петок, 22 ноември 2024

Ангелов го испрати тимот од Словенија кој помогна во справување со пожарите

Ангелов го испрати тимот од Словенија кој помогна во справување со пожарите

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов синоќа го испратил  тимот од Словенија на хеликоптерот „кагуар“, пилотите и придружниот воздухопловен персонал, кои помогнаа во гасењето на пожарите во државава. 

Како што соопшти ЦУК, словенечкиот тим помогна „до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија“.

-Ангелов притоа искажа голема благодарност за помошта - и до нив лично, и до нивната држава. Во таа пригода им врачи благодарници  и скромен подарок за спомен на нивниот престој во Македонија, информира Центарот за управување со кризи . хс/са/

Фото: Центар за управување со кризи 

Остани поврзан