Еден час пауза во Комисијата за избори и именувања, се разгледува одлуката за членови на Советот на ААВМУ
- По барање на Демократската унија за интеграција даден е еден час пауза бидејќи, како што беше образложено, не било најавено дека под точка „разно“ ќе се разгледуваат предлог-одлуки кои не поминале на собраниски седници.
Скопје, 23 јуни 2025 (МИА) - Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска во рамки на 29. седница повторно почна расправа по Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која не помина на 34. собраниска седница.
По барање на Демократската унија за интеграција даден е еден час пауза бидејќи, како што беше образложено, не било најавено дека под точка „разно“ ќе се разгледуваат предлог-одлуки кои не поминале на собраниски седници.
Претходно, пратеникот Беким Ќоку побара измена на Предлог-одлуката односно на местото на Нафије Селмани да биде назначена Зиријета Јајага.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата во рамки на 29. седница ја донесе одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“. Одборот е составен од претседател и 12 члена.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата претходно ја одржа и 22. седница во чии рамки ја донесе одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. бак/вј/
Фото: принтскрин