• четврток, 16 мај 2024

„Аналитика“ го поддржува министерот Меџити за мерките против пушење

„Аналитика“ го поддржува министерот Меџити за мерките против пушење

Скопје, 27 декември 2023

Став на Аналитика во  врска со изјавата на министерот за здравство, г. Фатмир Меџити за мерките против пушење.

По однос на вчерашната изјава на министерот за здравство, г. Фатмир Меџити, во врска со претстојните строги мерки против пушењето што треба да се спроведат во 2024 година, Аналитика тинк тенк има конкретен став кој веќе подолго време јасно го искажува во јавноста. Аналитика, која активно се занимава со истражување и застапување поврзани со контролата на тутунот, оваа изјава ја оценува како значаен чекор кон заштита на јавното здравје во Северна Македонија.

На нашата неодамнешна конференција презентиравме две критички анализи за даноците за тутун и започнување со пушење кај младите, и резултатите покажаа дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми конзуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%. Споредбено се земјите од Европа, РС Македонија сеуште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

РС Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Високи 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“

Тука сакаме да ја поддржиме посветеноста на Министерството за здравтвсто за усогласување со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Овие препораки вклучуваат ограничувања за пушење на јавни места, повисоки даноци за тутун, сеопфатна забрана за рекламирање и засилени ограничувања за продажба на тутун на малолетни лица.

Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни.

„Аналитика“ е посветена да придонесе со експертиза и да соработува со властите за да обезбеди ефективно спроведување, следење и евалуација на овие мерки за подобрување на јавното здравје во Северна Македонија.

Фото: Аналитика

Аналитика ________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан