• понеделник, 23 декември 2024

АМСМ: Прекин на сообраќај од село Ветуница до мостот на река Блидеш, поради минирање

АМСМ: Прекин на сообраќај од село Ветуница до мостот на река Блидеш, поради минирање

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, денеска, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш.

Од АМСМ информираат дека за време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради асфалтирање, од денеска до 25-ти овој месец, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од село Ногаевци до село Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Фото: Архива

Остани поврзан