• недела, 22 декември 2024

АМСМ: Во понеделник прекин на сообраќај на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш, поради минирање

АМСМ: Во понеделник прекин на сообраќај на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш, поради минирање

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, во понеделник, во периодот од 13 до 16 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш, информираат од АМСМ.

Како што соопштуваат оттаму по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој од понеделник до сабота регионалниот пат Велес-Градско односно делот од село Ногаевци до село Виничани ќе биде затворена за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Особено за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.свс/ев/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан