• понеделник, 09 септември 2024

Американскиот Конгрес разгледува серија антикинески нацрт-закони

Американскиот Конгрес разгледува серија антикинески нацрт-закони

Вашингтон, 9 септември 2024 (МИА) – Американскиот Конгрес денеска ќе го разгледа усвојувањето на низа закони насочени кон ограничување и спротивставување на влијанието и моќта на Кина, насочени кон нејзините биотехнолошки компании, дронови и електрични возила, а официјален Пекинг смета дека тие акции со еден вид политички и економски прогон.

Законите имаат за цел да обезбедат помала зависност на САД од кинеските биотехнолошки компании, да забранат увоз на кинески електрични возила и дронови, да им забранат на кинеските граѓани да купуваат обработливо земјиште и да спречат шпионирање на американската интелектуална сопственост.

Но некои организации се загрижени за последиците, предупредувајќи на реторика што може да им наштети на Американците со азиско потекло и да создаде „атмосфера на вина или да поттикне поделби“, а кинеската амбасада во Вашингтон го нарече предлог-законот „нов макартизам“ што ги зголемува тензиите во изборна година, пренесе Бета.

Доколку бидат усвоени, законите „ќе предизвикаат сериозна криза во кинеско-американските односи и неизбежно ќе им наштетат на сопствените интереси, имиџот и кредибилитет на САД, наведе официјален Пекинг во соопштение. јт/

Остани поврзан