• сабота, 27 јули 2024

Американскиот заменик-министер за финансии ја посети Украина, разговараше за санкциите против Москва

Американскиот заменик-министер за финансии ја посети Украина, разговараше за санкциите против Москва

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) – Американскиот заменик-министер за финансии Вали Адејемо денеска го посети Киев за да разговара за американската финансиска поддршка, спроведувањето на санкциите против Русија и употребата на замрзнати руски средства за помош на Украина во војната со Москва.

Адејемо разговараше со претставници на украинското Министерство за финансии и Кабинетот на претседателот. На Економската школа во Киев, тој разговараше со професори и групи на граѓанското општество кои работат на политиката на санкции и начините да се направат санкциите против Русија поефикасни.

Руската економија стана воена економија во која сите средства за производство и индустрија сега се фокусирани на производство на оружје за војната во Украина, изјави Адејемо во Киев.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во април потпиша закон кој му дозволува на Вашингтон да заплени околу пет милијарди долари руски државен имот лоциран во САД. Но, најголемиот дел од замрзнатите руски средства од 260 милијарди долари се во Европа, а американските власти се надеваат на консензус од нивните европски сојузници за тоа како да ги потрошат тие пари. јт/

Фото: Х

Остани поврзан