• сабота, 18 мај 2024

Американска скијачка исчезнала на експедиција на планина во Непал 

Американска скијачка исчезнала на експедиција на планина во Непал 

Вашингтон, 27 септември 2022 (МИА) - Американската професионалка во алпско скијање, Хилeри Нелсон се води за исчезната во експедиција на Непал, соопшти еден од нејзините спонзори, компанијата „Норд фејс“, јави денеска Си-ен-ен. 

Американката, која е на возраст од 49 години и има плодна спортска кариера долга две децении, наводно пропаднала под врв на планината Манаслу во Непал, осма по височина планина во светот. 

-Се наоѓаме во контакт со семејството на Хилери и помагаме во спасувачките напори како што можеме, соопшти компанијата на Твитер. 

Нелсон има две деца. Нејзиниот партнер, Џим Морисон е исто така искусен планински скијач. Двајцата во понеделникот заедно скијале и ја истражувале планината во Непал кога било сооштено дека таа исчезнала.

Џибан Џимири., директор на Шаннгри ла Непал трек изјави дека во понеделникот неговиот тим примил порака дека Нелсон исчезнала и дека не можат да ја најдат. кб/ 

Остани поврзан