• четврток, 21 ноември 2024

Американската амбасада во Сараево го обвини претседателот на Република Српска за манипулација со државни средства

Американската амбасада во Сараево го обвини претседателот на Република Српска за манипулација со државни средства

Сараево, 2 август 2024 (МИА) – Американската амбасада во Босна и Херцеговина го обвини претседателот на Република Српска Милорад Додик за манипулација со државни средства, објави регионалната телевизија Н1.

„Државниот буџет на Босна и Херцеговина вклучува средства за купување нови канцеларии на „Управата за индиректно оданочување на Босна“ во Бања Лука. Пет пати е организиран тендер за овој проект, така што останува само една компанија, со која да се склучи договор. За кого од опкружението на Додик ќе биде добр дојден овој сомнителен процес? Овој тип на корупција има реална цена за жителите на Република Српска и цела Босна“, стои во објавата на американската амбасада во Сараево на социјалната мрежа „Икс“.

Објавата завршува со хаштагот „Каде се парите?“ Овој хаштаг се користи од амбасадата во последните денови во објави, поставувајќи прашања до Додик и властите во Република Српска, поврзани со корупција и задолжувања, забележува Н1.

На крајот на минатата година, Управата за индиректно оданочување на Босна објави јавен повик за купување на зграда, при што единствениот кандидат, кој се појавил во рокот, била компанијата од Бања Лука „Гранд Трејд“ (Grand Trade) – сопственост на кумот на Милорад Додик Миле Радишиќ. Понудата на компанијата изнесувала 98,5 милиони конвертибилни марки (50,5 милиони евра).

Во буџетот на земјата за 2024 година, кој беше усвоен во јули, беа предвидени дополнителни средства во висина од околу 30 милиони евра, неопходни за завршување на финансиската шема за купување на зградата. Претходно беа обезбедени и 34,6 милиони евра. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан