• четврток, 16 мај 2024

Американецот Еван Максвел ново засилување на МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Еван Максвел ново засилување на МЗТ Скопје Аеродром
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Американецот Еван Максвел кој има 27 години и е висок 208 сантиметри е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона, откако вчера потпиша едногодишен договор со клубот. Како што информираат од МЗТ, станува збор за центар, зад кого се три сезони во европската кошарка во кои остварува двоцифрен поентерски учинок. - Одлично се снаоѓа во играта „два на два“, не му е проблем да погоди тројка, а кога е во рекетот акциите речиси редовно ги завршува со забивање, велат од МЗТ Скопје Аеродром. Максвел минатата сезона ја мина во украинскиот тим Запорожје, каде што на 24 средби просечно реализираше 11 поени со 6,7 скока, додек,а претходно настапуваше за британскиот прволигаш Њукасл Иглс и за словачкиот тим БК Списка со просечна реализација на 13 поени со 6,4 скока односно 15,6 скока со 7,5 скока. ар/бк/

Остани поврзан