Амбасадорот на Шведска во посета на Општина Кочани
- Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска.
Кочани, 3 декември 2025 (МИА) - Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска.
Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува за Кочани, особено за брзата и значајна помош веднаш по трагедијата на 16 март, како и за реализираните средби и психосоцијални активности што следеа во периодот по настанот со делегација од Гетеборг, во која беа и преживеани од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста на досегашната соработка и ја истакнаа подготвеноста за нејзино натамошно продлабочување преку нови иницијативи и проекти во интерес на локалната заедница.
Градоначалникот Грозданов посочи дека ваквите партнерства се од клучно значење за забрзан развој и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, се наведува во соопштението на Општина Кочани. ис/дма/
фото: Општина Кочани