• сабота, 29 јуни 2024

Амбасадорот на Чешка во посета на Валандово

Амбасадорот на Чешка во посета на Валандово
Гевгелија,23 март 2022 (МИА) - Чешкиот амбасадор во земјава, Јарослав Лудва, денеска беше во посета на Валандово и се сретна со градоначалникот Перо Костадинов. Од општината потврдија дека на средбата се разговарало за важноста од поврзувањето на граѓаните од двете земји, можноста за унапредување на бизнис соработката како и потенцијалот за развој на заедниците. - Валандово се отвора кон светот и ги промовира своите посебности. Градиме пријателства, нудиме нови перспективи и учиме од поуспешните од нас, рече градоначалникот Костадинов. За време на престојот во Валандово, гостите од Чешка, предводени од амбасадорот и градоначалникот  биле во посета на семејната компанија „Тера Мегдан“ која успешно го развива семејниот бренд „Кувет“ за органски производи. им/ар/

Остани поврзан